(ВИДЕО) Најмоќен говор од синоќешното доделување на Оскарите

Афро-американскиот актер Тејлор Пери одржа моќен говор на синоќешното доделување на Оскарите, откако доби награда за неговата хуманитарна работа.
Пери ја раскажа приказната за една жена која од него побарала помош пред седумнаесет години. Кога му пришла пред студиото каде што работел во тоа време, тој помислил дека ќе побара пари.
„Сакав да ги извадам парите од џебот, но таа ме праша дали имам чевли. Тоа многу ме потресе. Се сеќавам дека порано бев бездомник и дека имав пар чевли што ми беа искинати на потпетиците“, рекол тој.
Тој рече дека побарал пар чевли во оставата, чајната кујна и дека со солзи во очите и и ги дал а таа се заблагодарила на прекрасниот гест. Таа исто така рекла дека сметала дека тој ќе ја мрази затоа што од него барала помош.


„Ја прашав како можам да ја мразам кога порано бев како неа?“, рече тој.
Тој додаде дека пред да се пробие во Холивуд, живеел во својот автомобил и барал ниско платени проекти за да преживее. Неговата мајка, вели тој, го научила да не мрази никого.
„Јас сум научен и не мразам никого. Јас одбивам да мразам некого затоа што има темен тен, или е од Мексико, или е LGBTQ + лице или е полицаец. Одбивам да мразам некого затоа што тој е Азиец“, рече тој.
„Секој што сака да биде со мене на средина е добредојден да ми се придружи. Тука се среќаваме со меѓусебна толеранција, љубов и среќа. Таму се случуваат промените, на средина. За сите вас што сакате да бидете со мене на средина, оваа награда е за вас“, рече тој.


Фото: Принтскрин/


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …