(ВИДЕО) МЛАД ЧОВЕК ПОБАРАЛ СЕЛФИ – Реакцијата на Кејт Мидлтон на фотографирањето ги изненадила обожавателите: „Сите стануваме нервозни!“

За време на нејзината посета на маркетот Киркгејт, Кејт Мидлтон ги воодушевила присутните со нејзиниот одговор на еден од обожавателите.
Принцезата од Велс Кејт Мидлтон вчера го посетила маркетот Киркгејт во Лидс како дел од нејзината нова кампања „Early Years“ и бил снимен момент помеѓу неа и еден од нејзините обожаватели.
Имено, откако завршила со посетата на маркетот, прошетала по улицата каде што биле нејзините обожаватели. Во еден момент, еден млад човек побарал селфи од принцезата, а таа се согласила.
Меѓутоа, додека го местел телефонот за да направи селфи со неа, раката му се тресела и се извинил поради тоа и рекол дека е навистина нервозен. Принцезата Мидлтон го прифатила извинувањето и рекла:
„Те молам, не се грижи. Во ред е, сите стануваме нервираме. Мило ми е, чувај се“.


Овој краток разговор меѓу двајцата е објавен на Твитер, каде многу корисници на оваа социјална мрежа напишале само пофални коментари за оваа принцеза.

Инаку, принцезата од Велс во вторникот ја претстави својата кампања „Shaping Us“, која има за цел да ја подигне свеста за важноста на првите пет години од животот на детето во кои треба да изградиме свет на поддршка и грижа и за да тоа позитивно се одрази на подоцнежниот живот.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …