(ВИДЕО) Мислите дека зимските гуми не се важни! Погледнете го видеото!

Повеќето купувачи денес се подготвени да платат повеќе за кросоверска шминка додека некои сепак ќе го прескокнат купувањето на зимските гуми.
А причините за таквата одлука се повеќе од очигледни. Бидејќи кросовер со атрактивни детали е трн во окото на соседот, токму како и фактот дека имаш поголем телевизор од остатокот на улицата. Гумите пак едноставно не се гледаат, но погрешниот избор и тоа како се чувствува. Најкусо кажано, надворешна температура пониска од 7 степени Целзиусови значи дека летните гуми на улицата немаат што да бараат. Нема оправдување ниту за мноштвото кои го прават ионака „јадниот“ македонски возен парк, бидејќи и „половни зимски гуми се подобри од летните.
А да не биде дека многу делиме памет ќе приложиме едно видео во кое моделот на Тојота, СУВ, моделот РАВ4, ги споредуваат карактеристиките на зимските и целогодишните гуми. За старт и преминување на 18,2 м на целогодишните им требало 3,7 секунди, а на зимските 3,1 секунда. Уште поизразена е разликата во фазата на кочењето, кога РАВ4 со целогодишните има скоро двојно поголем пат на запирање, 17,2 наспрема 10,2 метри. А возеле 19 км.час. После видеото пробајте да замислите дека РАВ4 имал летни гуми, или за првите ледени дождови погледнете низ прозорец.


А, вака тоа изгледа со модел со преден погон.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …