(ФОТО) Јелена Ѓоковиќ споделила интимна фотографија со Новак:„Каква прекрасна приказна живееме!“

Јелена Ѓоковиќ ги разнежнила фановите на својот сопруг споделувајќи фотографија на која со голема насмевка го прегрнува Новак, а покрај неа напишала и многу емотивна порака.
„Горда сум и инспирирана. каква прекрасна приказна живееме. Каква година беше ова. Браво, љубов моја“, напишала Јелена.
За помалку од 24. часови фотографијата добила повеќе од 33.000 лајкови, а следбениците во коментарите им упатиле комплименти и убави желби не криејќи колку сето тоа ги трогнало.


„Ви честитам и на двајцата на одличната година, се надевам дека идната ќе биде уште подобра“, „Браво за тебе што си останала силна за своето семејство. Заслужуваш подеднаков аплауз како и тој, ако не и поголем“, „И двајцата сте инспирација и очигледно е дека сте создадени еден за друг“, „Вие двајца сте извор на неизмерна инспирација и љубов. Благодарам што со нас споделувате многу нешта, многу научивме од вас“, и пишувале следбениците.

Светскиот тениски рекет број 1, Србинот Новак Ѓоковиќ направи неверојатен кам-бек на светската тениска сцена, и враќање на првата позиција на АТП листата. Но, и по во финалето на Завршниот Мастерс турнир, од Зверев, Ѓоковиќ се зацврсти на првата позиција со многу голема разлика и тешка за стигнување од страна на второпласираниот Рафаел Надал.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОСЛЕ ПЕТ ГОДИНИ Камерон Дијаз се појави на црвениот тепих: Дошла во фармерки и не остарела ниту ден

Камерон Дијаз се врати на црвениот тепих по петгодишна пауза. Ѕвездата на „Чарлиевите ангели“ билаолицетворение …