(ВИДЕО) Меган Маркл изгледа многу шик во промотивното видео за својата линија облека – Хуманитарна акција за хендикепирани и невработени жени!

Бившата глумица и лајфстајл блогерка и денешна војвотка од Сасекс, Меган Маркл, која неодамна се обидела и како уредничка во „Вог“, пред крајот на јули и дека станува дизајнерка, а сега на нејзиниот и на Хари службен профил на Инстаграм објавено е видео во кое сме добиле мал увид во нејзината прва линија на облека.
Станува збор за хуманитарниот проект на здружението на Меган – „Smart Works“ кое помогнува на хендикепираните и невработени жени со кои здружението соработува, како што се Marks & Spencer и John Lewis,и тоа по принципот „еден за еден“, односно за секое купено парче едно ќе биде донирано на штитеничките на здружението.


Во промотивното видео кое е објавено на Истаграм Стори на профилот на Sussex Royal, Меган сите ги изненадила со своето појавување на снимањето во Лондон.


За таа пригода искомбинирала лежерен деловен стајлинг со сино бела на линии предимензионирана кошула на брендот Frank & Eileen, скини фармерки и салонки во „месо боја“ и ја пуштила косата.А, освен што изгледа многу шик, Меган во видеото не го крие ниту своето воодушевување со овој проект и не ја тргна насмевката од лицето. Веруваме дека и жените ширум светот се подеднакво возбудени од првата колекција на популарната војвотка, чиј датум на „лансирање“ не е познат, но како што се открива во видеото ќе биде наскоро.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …