СОПСТВЕНИКОТ на еден симпатичен Кокапу ја ставил дланката пред негховата глава и чека да види што ќе направи, а она што го направило кучето допрело многумина.
На вирално видео што го објави на „ТикТок“ може да се види како кучето прво му дава шепа, а потоа ја става главата на дланката.
@viljacockapoo«Put your hand in front of your child and see what they do» 🥺💓 #cockapoo #dog
Сопственикот не криел колку сцената го разнежнила, а многу коментатори се согласиле со него.
„Леле, само погледни ги тие очи“, напишал еден корисник.
„Ова е најслаткото нешто досега“, додал друг.
„Срцето ми се стопи“, признал третиот.
Фото: Принтскрин/TikTok