(ВИДЕО) Мечката им е маскота, но со ваква грдосија да се дојде на натпревар?

Во земјата домаќин на следното светско првенство во фудбал, Русија, мечките се скоро нормална појава, но кога ќе се појави на фудбалски натпревар, тогаш тоа сепак не е вообичаена ситуација.
А, посебно кога мечката ја држи топката со која ќе се започне натпреварот а судијата токму од неа мора да ја преземе.
Мечката со име Мишка,е симбол на рускиот клуб кој се натпреварува во третата лига на групата југ, а кој бил домаќин на Ангушт.
Играчите, судиите и гледачите во моментот кога „доброто мече“ му ја дало топката на судијата аплаудирале па и’ мечето возвратило на ист начин.
Сепак гостите немале обзири кон веселите домаќини па им ја наполниле мрежата и ги победиле со 3:0.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …