(ВИДЕО) Маж со дрон случајно забележал дека ајкула напаѓа човек па му го спасил животот!

КОГА Мет Вудс го подигна својот дрон над океанот, не можел да замисли што ќе види. Беспилотното летало полета од неговиот балкон на австралиската плажа Бонди па се кренал во воздух над океанот. Вудс на екранот забележал ајкула како кружи, а потоа сфати дека се приближува до нуркач.
„Нуркачот се обидуваше да се одбрани и ја боцна со пиштол. Ајкулата повторно се упати кон нуркачот, следејќи ја пловката што беше прикачена за него. Се обидуваше да го касне”, рекол Вудс.
Следејќи што се случува, ги алармирал спасувачите и ги предупредил за ситуацијата. Биле потребни 30 минути спасувачкиот џет-ски да ја истера ајкулата од областа.
На Вудс му олеснало кога го видел нуркачот како се качува на блиската карпа откако спасителите ја расчистиле водата околу него. Се упатил кон плажата, со надеж дека ќе го сретне човекот чиј живот го спаси, но немал среќа.
Погледнете ја зачудувачката снимка на дронот подолу.


View this post on Instagram

A post shared by Matt Woods (@matt14757)


Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

5 типови на фотографии кои не треба да ги објавувате на социјалните мрежи

Дали размислувате секој пат пред да објавите нешто на социјалните мрежи? Често објавуваме фотографии, без …