(ВИДЕО) МАЦ2020: Најдобра песна за Влатко Лозановски: „Доаѓам од Македонија а не од таа земја со додаток што ја спомнавте!“

На синоќешното издание на МАС2020, статуетката за признанието за најдобра поп песна, во конкуренција помеѓу познати балкански изведувачи,Тропико бенд, Наташа Беквалац, Антонија Шола, Илма Карахмет и Лексингтон бенд, наградата ја доби нашиот македонски пејач Влатко Лозановски.
Нашиот познат изведувач, беше претставен дека доаѓа од Северна Македонија, но веднаш по неговото излегување на сцената Влатко Лозановски изјави:


“Мило ми е што ми ја доделивте наградата МАС2020 за најдобра поп песна, инаку ‘Мајко’ ми е омилена песна. Пред се да ве поправам, јас доаѓам од Македонија, а не од таа земја што ја спомнавте со додаток”.
Тој воедно се извини што зборува на македонски јазик, а не на српски.
Лозановски наградата ја доби за песната “Мајко”, а за него гласаа од цел регион.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …