АДВОКАТ ОД ЛОНДОН ОБЈАСНИЛ СЕ’ ДО ДЕТАЛ – ОВИЕ ЛУЃЕ ВО ЧЕКОР ЌЕ ГИ СЛЕДАТ ХАРИ И МЕГАН: Мистеријата е решена – еве кои ќе бидат припадниците на нивното ОБЕЗБЕДУВАЊЕ за 500.000 фунти годишно!

Принцот Хари и Меган Маркл можеби се повлекоа од кралскиот живот, но тоа не значи дека тие го напуштија кралското семејство.
Значи, кога станува збор за прашањето за нивната безбедност, војводата и војвотката од Сасекс веројатно ќе добијат исто ниво на дипломатска заштита како и секој друг член на кралското семејство, без оглед на „дали се активни членови или не“, вели Марк Стивенс од адвокатската фирма „Хауард Кенеди“ од Лондон.


„Ако го земете за пример холандското кралско семејство, каде што голем број од нив работат – на пример, кралот е пилот на авиокомпанија – тие сè уште имаат дипломатски имунитет заради нивниот статус на членови на кралското семејство“, вели Стивенс.
„Ист е случајот и на Блискиот исток – Саудиска Арабија, Кувајт или Обединетите Арапски Емирати. Тоа е сосема нормално. Хари и Меган не се исклучок“.
Ако на британскиот престол се сменуваат според сегашното сценарио, принцот Хари еден ден ќе стане, прво син, а потоа и брат и син на кралот на Велика Британија. Значи, неговата безбедност – а со самото тоа и безбедноста на Меган Маркл и малиот Арчи – ќе станат уште поважни.


“Ако тие се чувани од канадски или британски безбедносни служби, во безбедноста ќе бидат вклучени и разузнавачки служби. Од друга страна, доколку ангажирате приватна фирма за безбедност, тие нема да имаат разузнавачки информации а тие се неопходни за да обезбедат ефективна заштита”, додава Стивенс :


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …