(ВИДЕО) Мајсторите на сценскиот настап „Паркети“ на „Андерфест“

„Андерфест“, фестивал кој на едно место ја обединува авангардната и андерграунд култура во Македонија, поради епидемијата со Корона мораше да ги откаже првичните термини (3. и 4. април) па сега како нов термин на фестивалските случувања е најавен првиот викенд во октомври.


Примарна цел на фестивалот е афирмирање на помалку познатите артисти, а кој ги вреднува автентичноста и креативноста и го отвара јавниот простор за младите и неетаблирани музичари и со тоа продинесува за нивна афирмација и промоција.
Фестивалот, поради епидемијата со коронавирус го промени терминот и организаторите сега како нови дати за одржување го најавуваат првиот викенд во октомври.



Меѓу бројните учесници простор ќе имаат и „Паркети“…панк група од Битола. Формирана е во 1991 година од Сашо Паркет, Славе Паркет и Себастијан Паркет.Познати се по своите настапи во живо, изгледот и смислата за хумор.
Нивниот последен сингл „Санка“ беше снимен во јануари за што велат дека се смрзнале…посебно девојата која два часа лежела на ладната земја…„Паркети“ без многу вредни се’ до појавата на корона вирусот…концерт, подготовка на албум…а, ветија и дека оваа година ќе бидат поактивни…Но, корона вирусот беше причина малку да „успорат“, но затоа со нетрпение го очекуваме нивниот настап на „Андерфест“…
Сигурно ќе биде атрактивен како сите нивни настапи…


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …