(ВИДЕО) Девојка од покривот скокала во базен: Болно е и да се гледа како се’ завршило!

Некои се шегувале дека Американците се однесуваат како да имаат бесплатно здравствено осигурување…
Младата жена на забава скокнала од покривот во базенот, но не завршило како што очекувала.
На почетокот на видеото, кое стана вирално на социјалните медиуми, се гледа девојка како стои покрај маж на покривот на куќата додека луѓето покрај базенот на забава се веселат и снимаат.
Јасмин Родригес го објавила видеото на Твитер каде собрала повеќе од 11. милиони прегледи за само неколку дена.
Иако скокот на многумина им се чинел болен, девојката поминала без повреди, па дури и ги крена рацете во воздухот кога се појави над површината на водата.


Видеото предизвика различни реакции. И додека некои се прашуваа зошто таа воопшто се обидела да го изведе тој скок, други пак се среќни што девојката поминала без повреди,анекои се шегувале дека Американците се однесуваат како да имаат бесплатно здравствено осигурување.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …