БРОЈНИ продавници ги затворија вратите во Русија, а откако популарниот бренд за долна облека Victoria’s Secret го објави истото, Русите брзо се упатија во продавницата за да го направат последниот шопинг.
На видеото кое се рашири на интернет се гледа орда Руси кои чекаат во редици пред влезот, а не требало многу време оваа сцена да предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.
Lines at Victoria's Secret stores. pic.twitter.com/fXD7TQpz8F
— NEXTA (@nexta_tv) March 9, 2022
„Вака ли протестираат против бомбардирањето на детска болница? се прашувал еден коментатор.
„Убаво е да се видат кои се нивните приоритети“, додал друг.
"good" russian showing their protest against bombing of the children`s hospital.
— Oleksandr Myronyk 🇺🇦 (@qwellter) March 9, 2022
Victoria’s Secret најави и прекин на онлајн продажбата во Русија, а тие се само едни во низата што се одлучија на вакви мерки.
Да потсетиме, покрај нив, вратите ги затворија и ИКЕА, пред кои исто така имаше навалица во пресрет на затворањето, потоа H&M, Jysk, Apple, Chanel, Samsung и многу други.
Фото: Принтскрин/Twitter