(ВИДЕО) Лице со инвалидитет полетал со параглајдер! Роден е со хендикеп, но и со „челична“ волја за живот: Запознајте го Марко

Иако е инвалид, Марко Поледица од Ариље ги освоил највисоките врвови на Македонија. Сега се осмелил да полета со параглајдер од Чигота на Златибор со цел освоените патеки да ги види од птичја перспектива.
Тој е роден со едната нога пократка за 30. сантиметри, но тоа не го спречило да негува „челична“ волја која го навела да прави неверојатни работи.
Сите патеки и врвови кои не успеал да ги освои, сега сакал да ги види од птичја перспектива.
Според инструкторите на Марк, овој човек од Ариље е еден од ретките што и покрај хендикепот се осмелил да направи храбар чекор во некој од екстремните спортови.
Пред камерите на „150 минути“ првпат полета со параглајдер, а повеќе за неговата животна приказна можете да дознаете во прилог подолу…

Фото: Принтскрин/Prva TV


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …