(ФОТО) Дино Имери на концерт со Софиската филхармонија ја освои публиката со симфонија бр.2 од Бернштајн

Македонскиот пијанист и композитор Дино Имери синоќа одржа концерт во Софиската филхармонија во сала „Бугарија“ во Софија, како дел од есенската сезона на Софиската филхармонија.

Освен учеството на Имери како солист која ја свиреше симфонијата бр.2 од Бернштајн, под диригентската палка на Љубомир Денев – син, исто така на сцената настапија и солистите перкусионисти Калина Владовска, Мартина Митева и Мирослав Димов.


Имери изјави дека ова е негов шести настап со Софиската филхармонија. Меѓу бројната публика, покрај познатите софиски музичари, уметници, гости на КИЦ на Македонија, беше и новоименуваната амбасадорка на Македонија во Бугарија, Агнеза Руси Поповска.


Во текот на вчерашниот ден, Имери го посети и КИЦ на Македонија во Софија.

Фото: Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …