Трчање по скали на највисоките облакодери во светот – што е тоа и како трчањето по скали се здоби со популарност?

Towerrunningе спортска дисциплина која вклучува трчање по скали на висококатници, а трките најчесто се одржуваат на внатрешните скали на облакодерите.Растечката популарност на овој спорт се заснова на придобивките што ги носи за телото, како за професионалците така и за аматерите кои сакаат да бидат дел од овој спорт. Убавината на трчањето по скали на едни од највисоките кули низ светот лежи во тоа што натпреварувачите се искачуваат по скалите на облакодери како Емпаер Стејт Билдинг или Ајфеловата кула, а успехот кога ќе ја искачат и последната скала е речиси ист како да го освоиле врвот на една планина.

Првата трка по скали била одржана на Денот на Бастилја на 14 јули 1903 година во Париз, а овој настан се одржал на скалите на познатата Rue Foyatier. Две години подоцна, во 1905 се одржала првата позната трка по скали во висококатница, односно првата трка во Ајфеловата кула во Париз со вкупно 283 натпреварувачи. По 40 години пауза, во 1946 година оваа трка започнува да се одржува секоја година во Париз, се до 1995та. Во 2015 година повторно се враќа овој спорт во трчање по скалите на Ајфеловата кула како една од најдобрите трки низ светот од овој тип.


Во САД, овој тип трки или Tower Running за прв пат се организира во 1978 година, кога Фред Лебоу го организираше првиот Empire State Building Run Up (ESBRU) и искачување на вкупно 1576 скали. Оттогаш, настанот ESBRU се одржува секоја година.

Денес, натпреварите во трчање по скали се различни и се одржуваат во голем број од највисоките облакодери во повеќе метрополи низ светот, вклучувајќи ги Тајпеј 101 (Тајпеј), Менара (Куала Лумпур), кулата Вилис (Чикаго), кулата Еурека (Мелбурн) или Емпаер Стејт Билдинг во Њујорк. Трките се одвиваат во форма на масовен старт или хронометар и привлекуваат елитни спортисти од различни спортови, а веќе од 2015 година се одржува и Светско првенство во трчање по скали.


За прв пат годинава и во нашиот главен град ќе се одржи Cevahir Tuwer Run трката по скали под мотото “Освој го врвот на Cevahir кулите“, која има за цел да го доближи овој тип спорт до домашните спортисти и спортско активни лица. Трката Cevahir Tuwer Run е дел и од светската Towerrunning асоцијација, како една од многуте трки кои се дел од годишниот календар на трки по скали низ светот.

Cevahir Tuwer Run трката по скали ќе се одржи на 20 ноември во висококатниците на Џевахир Скај Сити во Скопје, а е во организација на АК Работнички. Учесниците на трката ќе имаат предизвик да се искачат до врвот на Кулата Ц искачувајќи 41 кат со вкупно 752 чекори.


Заинтересираните натпреварувачи и спортски активни лица може да се пријават и учествуваат на првата Cevahir Tower Run во Македонија со пополнување на онлајн апликација на следниот линк (https://cevahirtowerrun.com/ ).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неделен хороскоп за сите хороскопски знаци: Што не очекува оваа недела според хороскопскиот знак?!

Овен Работа: На почетокот на неделата ќе бидете доста активни, комуникативни, актуелни и на многу …