(ВИДЕО) Лејди Гага: „Секој ден размислувам за самоубиство!“

Во новото интервју за Си-Би-Ес, поп-sвездата Лејди Гага зборувала за своето ментално здравје, изјавувајќи дека хроничната депресија ја спречувала да го сними неодамна објавениот студиски албум „Хроматика“. Таа исто така изјавила дека размислува за самоубиство секој ден.
„Тотално се откажав од себе. Мразам да бидам славна. Се чувствувам истрошено и искористено. Не ја гледам поентата на мојот живот, освен што им требам на родителите и сестра ми. За тоа размислував секој ден во последните две години“, рекла таа.
На прашањето дали некогаш помислува на самоубиство, поп-sвездата кратко одговорила „Да“.


„Живеев во куќа каде што луѓето ме следеа секој ден. Тие беа загрижени дека навистина ќе се самоубијам. Во моментов наоѓам начини повторно да ја сакам жената што ја нареков Лејди Гага. Сепак, мразам што станав славна“, додала таа.
Гага беше многу отворена и порано кога станува збор за менталното здравје.
Пред неколку години, таа зборувала за својата борба со хронична депресија и анксиозност. Таа и нејзината мајка Синтија, исто така, водат фондација за ментално здравје, наречена „Born This Way“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …