(ВИДЕО) ЛАДНОКРВНА И ХРАБРА БАБА: Без размислување фатила кобра и ја одвлечкала подалеку од децата: „Бабо, ова не е начин да се ослободиш од кобрата“

„Каква акција, без страв, без лутење, без чувства. Едноставно ѝ покажала на кобрата каде ѝ е местото“
Една баба од Индија станала хит на интернет откако на социјалните мрежи се проширила снимка на која фаќа змија за опашката и со одлучни чекори ја носи подалеку од децата кои си играле на улицата.
Видеото на Твитер го споделил Сиданта Нанда, вработен во „Indian Forrest Service“, кој навел дека станува збор за кобра, а прегледано е 210.000 пати.
„Бабо, ова не е начин да се ослободиш од кобрата“, напишал покрај видеото.


Снимката брзо почнала да се споделува на социјалните мрежи. Некои се восхитуваат на нејзината храброст, а некои заклучиле дека е добро што не ја убила.
„Мора кобрата многу да се збунила, бидејќи досега мислела дека сите се плашат од неа“, „Ѝ се восхитувам на храброста“, „Каква акција, без страв, без лутење, без чувства. Едноставно ѝ покажала на кобрата каде ѝ е местото“, „Можеби ова не бил правиот начин да се ослободи од неа, но луѓето главно ги убиваат. Мислам дека ова е најдоброто што можела да го направи“, биле дел од коментарите под видеото.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 12.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Во текот на овој ден Овенот треба да се фокусира на обврските поврзани …