(ВИДЕО) Крадец упаднал во стан на баба, но не очекувал дека ќе се сретне со МАЈСТОР на боречки вештини!

Неколку врвни потези и разбојникот веќе бил на подот
Да знаеше со кого ќе си има работа, крадецот од оваа приказна во никој случај немало да пријде на нејзиниот стан.
А, 81-годишната Елизабет Мекреј всушност и должи многу на Лоренца Маружо (67), сосетка која никогаш не и рекла дека е мајстор на борбени вештини.
Кога крадецот упаднал во станот на Елизабет, Лоренца слушнала гужва и паѓање на вазната на подот и сметала дека не е лошо да ја посети и да види дали сè е во ред.
Влегувајќи во веќе отворениот стан, Лоренца била подготвена за најлошото, а потоа видела крадец како се обидува да ја неутрализира Елизабета. Му пришла од позади и почнала да го удира така и да му ја врти раката така што „кутриот“ започнал да лелека и да моли за прошка.


Лоренца со себе земала и безбол палка со која го удрила крадецот по главата, и тука завршила неговата неславна епизода.
„Не очекував дека таа мала жена е толку храбра. И реков да биде претпазлива затоа што тој може да нè убие, а таа ми одговори: „Не вечерва“, рекла Елизабет.
Напаѓачот Доналд Пресвуд (59) морал да плати 150.000 УСД за воопшто излезе на слобода.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …