(ВИДЕО) Ким се расплакала пред тв камерите:„Се чувствувам како проклета губитничка!“

Oбјавена е најавата за последната сезона на реалното шоу „Keeping Up With The Kardashians“, а најголемо внимание привлекла сцената во која плаче Ким Кардашијан.
Тизерот открива дека обожавателите ќе добијат увид во проблемите во бракот на Ким и Кание Вест, кој на крајот заврши со нејзиното поднесување барање за развод. Сцената ја прикажува плачената Ким опкружена со најблиските членови на семејството, а на нејзината рака сè уште може да се види бурма.
„Се чувствувам како проклета губитничка“, липа Ким во видеото.
На почетокот на оваа година беше објавено дека Ким во шоуто ќе зборува за нејзиниот брак, а американските медиуми објавија дека Кание „не бил воодушевен“ што ќе бидат емитувани деталите.


Ким и Кание, кои заедно имаат четири деца, биле на брачно советување пред Ким да поднесе барање за развод минатиот месец. Тие беа во брак шест години.
Премиерата на последната сезона на реалното шоу „Keeping Up With The Kardashians““ ќе се емитува во четврток на 18 март, на каналот Е!.

Фото: Принтскрин/YouTube/Keeping Up With The Kardashian


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …