Кијану Ривс ќе се појави во главната улога во крими трилерот „Сибериа“ кој го добил својот прв трејлер.
Новото филмско остварување на режисерот Метју Рос донесува приказна за американски трговец со дијаманти, Лукас Хил, кој патува во Сибир во потрага по својот руски партнер. Меѓуто, Лукас на тоа патување почнува љубовна афера.
Покрај Ривс во „Сибериа“ глумат и Ана Улару, Паш Д. Личникоф, Моли Рингволд, Дмитри Чеповечки, Џејмс Грејси, Јуџин ипински, Рафаел Петарди и Вероника Ферес.
Сценариото го напишале Стивен Хамел и Скот Б. Смит.
Премиерата на филмот „Сибериа“ е закажана за 13. јули во кината ширум САД, а потоа пристигнува и во останатите делови на светот.
(ВИДЕО) Кијану Ривс како трговец со дијаманти во новиот крими трилер „Сибериа“
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.