(ФОТО) На ѕвездата која ја „започна лавината“ против Харви Вајнштајн, поради кокаин, и се заканува затворска казна до 10. години

Глумицата и активистка Роуз Мекгован е сослушана поради поседување кокаин за време на инцидентот кој се случил на аеродром во јануари 2017. година.
Како што пренесуваат Fox News глумицата се сомнева дека зад се стои продуцетот Харви Вајнштајн. Имено, Роуз е една од првите кои јавно проговоила за сексуалните злоставувања и го обвинила продуцентот за силување кое се случило во 1997. година.
Роуз Мекгован се товари за поседување кокаин, откако полицијата пронашла неколку ќесички од белата супстанца во нејзиниот паричник кој таа го заборавила на аеродромот, откакао допатувала во Вашингтон. Роуз наведува дека не е виновна, тврдејќи дека дури пет часа била без паричникот. Таа верува дека нејзиниот паричник бил украден од ранецот, додека била во тоалетот на аеродромот, како и дека дрогата била ставена во него и оставена за да ја пронајде персоналот.
Странските медиуми пренесуваат во случај да се докаже дека Роуз е виновна, и се заканува казна од 10. години затвор. Датумот на судењето ќе биде одреден во наредниот период. Нејзиниот адвокат Хосе Баез изјавил дека Роуз цврсто се држи и дека силно ќе се бори за да ја докаже својата невиност. Тој напоменал дека Роуз е активистка која се бори за правата на жените ширум светот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …