(ВИДЕО) Како изгледа возењето на автомобил без возач низ еден од најпрометните кинески градови

Видеото покажува како автономниот систем се движи во предизвикувачки ситуации каде што автомобилите често менуваат ленти, возилата поминуваат низ црвените светла, а пешаците се движат блиску до коловозните ленти.
Во Кина за прв пат во сообраќајот е дозволено да се приклучат автономни возила без возач. Иако голем број прототипови без возач веќе успешно ги поминаа своите први тестови на јавните патишта, овој пример е најблиску до она што не очекува во иднина.
Deeproute.ai објави видео од тест рутата, каде што прототипот на автономно возило успешно ги надминува сите возачки предизвици без да го вклучи возачот во процесот на управување. На пробната патека долга 22,5 километри во деловната зона на кинескиот град Шенжен, прототипот опремен со систем за автономно возење на ниво 4 успешно ги надминал сите предизвици на сообраќајниот метеж.
Да потсетиме, Шенжен со 17,5 милиони жители е четврти по големина кинески град, а автономното возило минало низ специјално избраната зона без и најмала грешка за околу еден час. Ова го означи првиот правен тест на возило без возач во Кина, што беше овозможено со новото законодавство усвоено на 6. јули во Шенжен.
Видеото покажува како автономниот систем се движи во предизвикувачки ситуации каде што автомобилите често менуваат ленти, возилата поминуваат низ црвените светла, а пешаците се движат блиску до коловозните ленти.
Многубројните ситуации би биле фрустрирачки дури и за просечниот возач, со којзнае какви последици и реакции, додека автономниот систем се справувал со сите предизвици на крајот мирно простувајќи ги прекршоците и опасните маневри на другите учесници во сообраќајот.


Тест возилото е MG Marvel R, кое е опремено со пет LiDAR, осум камери и сензори, но главната разлика е алгоритмот кој совршено го предвидел движењето на другите учесници во сообраќајот и го приспособил движењето на автономното возило.
DeepRoute.ai ќе го понуди системот Driver 2.0 по цена од 3.000 долари за производителите кои ќе изберат да го распоредат на сериски автомобили и роботакси возила.
Системот е подготвен за широка употреба, а на пазарот ќе стигне до 2025. година. Дополнителна предност на системот, покрај цената, е тоа што е веќе интегриран во дизајнот на автомобилот, па за разлика од некои роботакси, речиси е невозможно да се забележи.

This image has an empty alt attribute; its file name is vozenje-bez-vozac-vo-kina-1.jpg


Фото: Принтскрин/YouTube/DeepRoute.ai

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …