(ВИДЕО) И ТОА ГО ВИДОВМЕ – Скапиот Ferrari F50 стартуваше „на туркање“

Многумина се нашле во ситуации кога поради дефект или други причини е потребно да се турка автомобилот, но сепак е невообичаено да се види како едно Ferrari вредно милиони пали „на туркање“.
На социјалните мрежи се појави видео од Бразил на кое се гледа како шест мажи туркаат Ferrari F50 на патот и потоа продолжуваат да го туркаат додека не достигне одреден моментум.
Кога возачот го пуштил куплунг, моќниот V12 мотор на Ферари ечел. Возачот потоа им мавнал на помошниците и им се заблагодарил, а потоа притиснал на гас и исчезнал во далечина.

Ferrari F50 дебитираше на саемот за автомобили во Женева во 1995 година, по повод 50-годишнината на марката. Беа произведени само 349 примероци и секој беше опремен со мотор заснован на оној што се користеше во Формула 1. Станува збор за 4,7-литарски атмосферски V12 мотор кој беше верзија на моторот од Ф1 болидот на Ферари користен во 1990 година.
Моторот развивал 512 КС и 471 Nm вртежен момент, а F50 имал забрзување од 0 до 100 км/ч за 3,87 секунди. Максималната брзина беше 325 км/ч.
Сепак, другите делови на Ferrari F50 беа развиени врз основа на искуствата од Формула 1.
Исто така, автомобилот имаше кровен панел кој можел да се отстрани рачно.
Еден примерок од Ferrari F50 ќе биде продаден во декември, а новиот сопственик се очекува да издвои до 6,5 милиони долари.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …