(ВИДЕО) И’ после 20. години се зборува за нивната секс афера: Објавена снимката на Бил Клинтон и Моника Левински од Белата куќа

Видеото датира од 1997. година кога и’ се случи аферата во Белата куќа,а го објавила претседателската библиотека или архива

На снимката која е стара 20 години се наоѓаат главните актери на тогашната афера, поранешниот претседател Бил Клинтон и Моника Левински како емотивно комуницираат во Белата куќа.
Видеото датира од 1997. година кога и’ се случи аферата во Белата куќа,а го објавила претседателската библиотека или архива, каде се гледа како Бил Клинтон го дава својот неделен радио извештај, а потоа се поздравува со колегите во Овалната соба меѓу кои беше и тогашната практикантка Моника Левински.
Се гледа како Клинтон и Левински разговараат, а потоа прегрнати се сликаат.


Оваа фотографија е позната уште од тоа време, но за првпат се појави видео запис.
Библиотеката на Клинтон не даде никаков коментар, а на ЈуТјуб беше објавена по барање според законот за слобода на медиумите.
Подоцна се објави во медиумите дека имале секс афера во Белата куќа и дека биле заедно тој ден кога било направено видеото.
Бил Клинтон беше обвинет дека дал лажна изјава за својата врска со Левински, а американскиот сенат никогаш не го осуди.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …