Кинонова: Вечерва во „Кинотека на Македонија“ проекција на „Криза“ на Ингмар Бергман

Во Кинотека на Македонија, вечерва со почеток во 20 часот ќе биде прикажан дебитантскиот филм на Ингмар Бергман, „Криза”.
Ова е дебитантскиот филм на Бергман како режисер. Заведувањето и разочарувањето во градскиот живот како контрапункт на провинцијалната добрина заземаат централно место во оваа морална приказна за една млада ќерка растргната меѓу световите на нејзините две мајки. Сценариото само по себе е невпечатливо. Бергман подоцна се одрекнува од одговорноста за приказната преку изјавата: „Ако некој ме имаше замолено да го снимам телефонскиот каталог, би го направил тоа.” Може да се замисли дека Бергмановата верзија на телефонскиот каталог во овој дел од неговата кариера ќе содржеше иста фасцинирачка мешавина од филмски стилови што може да се забележи и во „Криза”, каде француската кинематографија од 30-те се сретнува со експресионистичкото осветлување, како ран обид на Бергмановата сон-секвенца, и подоцна препознатливите интроспективни кадри преку огледалата.
Во текот на фестивалот ќе бидат прикажани уште неколку филмови од овој светски познат филмски автор, легендарен театарски режисер и извонреден писател. По неговата смрт во 2007-та година, Бергман и понатаму е еден од најизведуваните драматурзи во Скандинавија. Ингмар Бергман е роден во Упсала на 14-ти Јули 1918, и славењето на оваа годишнина, која почна есента 2017-та година и продолжува во тековнава, 2018-та година, се одвива низ целиот свет со театарски перформанси, изложби, документарци, филмски ретроспективи, книжевни изданија и фестивали.
Во текот на фестивалскиот ден, во МКЦ со почеток во 18 часот ќе биде прикажан филмот „Цветна долина” на Ласло Чуја, а по проекцијата ќе се одржи сесија на прашања и одговори.
Во 20. часот во МКЦ ќе се прикаже филмот „Жар” на Зеки Демиркубуз со кого исто така по промоцијата ќе се одржи сесија со прашања и одговори.
Киното „Фросина” вечерва ќе го прикаже и филмот „Блискост” на Кантемир Балагов со почеток во 22.00 часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …