(ВИДЕО) Хит песната „Despacito“ наскоро, според прегледите, ќе го надмине бројот на жители во светот!

Најгледаното видео на сите времиња, „Despacito“, продолжува да бележи нови првенци во прегледите на YouTube.
Песната „Despacito“ наскоро ќе има повеќе прегледи на YouTube отколку жители во светот. Имено, песната за четири години собра повеќе од седум милијарди и петстотини милиони прегледи, а вкупниот број на жители во светот се проценува на седум милијарди и деветстотини милиони луѓе.
Пејачите Луис Фонси и Деди Јанке ја објавија песната „Despacito“ во 2017. година, па таа стана планетарен хит таа година. Сепак, нивната популарност продолжи со години потоа.
Песната на шпански јазик стана првото видео на платформата на 24. февруари со шест милијарди прегледи. Во својот врв, „Despacito“ доби 25,7 милиони прегледи за еден ден, иако тој број оттогаш се врати во просек на 2,8 милиони дневни прегледи.
„Деспацито“ на шпански значи „полека“, но се чини дека Фонси и Јанке брзо многу заработија благодарение на најголемиот хит во кариерата.
Луис Фонси, кој својата кариера ја изгради на романтични балади, имаше пауза во кариерата две години пред објавувањето на синглот. Одличното враќање со „Despacito“ му донесе популарност што не можеше ниту да ја замисли.


Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …