(ВИДЕО) Горазд Китановски им рецитирал поезија на патниците во „41“ – „Чувството е феноменално кога на некој ќе му го разубавиш денот, барем на момент“

Горазд Китановски (Kenny The Heartist) е артист кој сеуште трага по точната дефиниција за неговата уметност.
Од него можете да очекувате симбиоза од поезија, хип хоп, и stand up comedy проследена со амбиентална музика. Досега има настапувано на повеќе културни настани во Скопје како „Андерфест“ но и на фестивали и улични перформанси низ Европа.
А, деновиве имаше настап во автобусот со број „41“ во Скопје, и тоа, како што наведува во видеото што го сподели на Фејсбук – во двата правци…
Ова младо момче кое сеуште трага по својата уметност е многу задоволно од својот настап во „41“, како и од вниманието на патниците…
„Денес беше убав ден ☀️ Рецитирав поезија во 41 (два пати дури, и на одење и на враќање). Чувството е феноменално кога на некој ќе му го разубавиш денот, барем на момент.
Исто така работам на нов проект насловен “НИЕ”, каде “собирам стихови” од луѓе на веќе зададени теми. Деновиве ќе објавам повеќе за тоа (не ми работи мозоков веќе, 12 саати бев активен денес)
Ви посакувам убава вечер и гушнете се себеси пред спиење, заслужувате ❤“, напиша Горазд во описот на своето видео.


Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …