Србија-Македонија-Албанија: Џез конекција под диригентската палка на Милан Петровиќ

Познатиот белградски композитор и клавијатурист со воведната нумера “Connected Again” ја најавува својата авторска компилација.
Милан Петровиќ соработува со многубројни познати артисти од регионот, а како соработници на првиот сингл се јавуваат Сашо Поповски  (гитара, МКД), Џоле Максимовски (бас, МКД), Ермал Роди (саксафон, АЛБ) и Горан Савиќ Чаки (перкусии, СРБ).
Компилацијата е составена од 21 нумера, со наслов “The Best of  2011 – 2021”, и претставува ретроспектива на внимателно избрани авторски композиции објавени и создадени во изминатите десет години.

Овој компилациски албум ќе биде издаден преку скопската музичка куќа “Jazz Fortnight”, најнапред како ексклузивно дигитални издание.
Сите љубители на џез музиката во наредниот период ќе имаат можност истата бесплатно да ја преслушаат на стриминг платформата “Bandcamp” преку следниов линк: https://jazzfortnight.bandcamp.com/album/the-best-of-2011-2021



Милан Петровиќ ја гради својата професионална кариера на музичката сцена веќе 25 години, низ соработка со добропознатите локални артисти како Васил Хаџиманов, Аца Селтик, Скај Виклух, Бруно Мишетиќ, Душан Безуха, Борис Буњац, Бранко Исаковиќ, Иван Алексијевиќ, Владимир Маричиќ, а во рамките на компилацијата посебно внимание се посветува на соработката со женските глобални артисти како Соња Калајиќ, Ксенија Комленовиќ (САД), Дијана Шеренчек (ХР), Вања Даниловиќ (БИХ), Маја Клисински, Александра Џорџевиќ, Мина Момчиловиќ, Дуња Поповиќ и Бојана Тодоровиќ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …