(ВИДЕО) Ѓоко Ѓорчев не може да стаса секаде каде што го бараат за настапи!

Ако до пред неколку месеци можеше да се каже дека Ѓоко Ѓорчев си пее по дома, си снима песни и ги радува своите обожавателои на Фејсбук – кога скоро секој ден објавуваше по некоја песна како си ја пее во својот дом, работите многу се променија…
По неповторливиот концерт во ноември во старата чаршија во Неготино, кога немаше доволно простор за сите кои сакаа да го слушнат својот сограѓанин и македонскиот Том Џонс, за Ѓоко се’ се промени…

This image has an empty alt attribute; its file name is gjoko-na-koncertot-vo-negotino.jpg
Сега не може да одговори на сите понуди за настапи кои ги добива…
„Сега, на овие години, осознав што значи да се биде секоја недела со својата публика. Да се настапува и да се добие повратен одговор од присутните кои пеат заедно со тебе. Се чувствувам како повторно роден, бидејќи каде и да настапувам салите се распродадени а публиката заедно со мене ги пее најголемите хитови“, ни рече Ѓорчев, кој не го крие воодушевувањето од овие нови обврски.


Но, Ѓоко секој ден вежба, се подготвува затоа што на крајот на јуни, на истиот простор како лани – старата чаршија во Неготино, го очекува голем солистички концерт за кој уште од сега се говори. Секако, впечатовите на оние кои присуствуваа на ноемврискиот концерт стасаа и до оние кои не успеале да дојдат па сега се бара (уште во април) билет повеќе за овој настан.


За Ѓоко Ѓорчев сега се случува „Никогаш не е доцна“ на македонски начин, бидејќи неговиот квалитет, песни, харизма се препознаени од оние за кои се наменети – неговата публика.


Фото: Facebook

Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …