(ВИДЕО) Глумец открил детали за последната сезона на „Игри на престолите“

Актерот Џејсон Момоа, кој во првата сезона на „Игри на престолите“ го толкувал ликот на Кал Дрого, кој во таа сезона е и убиен, е познат како голем обожавател на популарната серија
Во текот на недамнешниот престој во Белфаст, каде ја посетил екипата на снимање, тој за завршната осма сезона на „Игри на престолите“, дознал многу повеќе отколку што сакал, пишува Машабл.
„Само да можете да знаете каква ќе биде следната сзона…Тоа ќе биде најдобра работа која било кога се емитувала на телевизија“ изјавил Момоа за „Ентертеинмент викли“.
„Тоа ќе биде просто неверојатно. Поради тоа многу луѓе ќе се зезнат. Ми беше малку глупаво кога го дознав тоа, навистина сум голем фан, и воопшто не сакав да знам што ќе се случува. Кога слушнав помислив:’Проклетство, не требаше тоа да го дознаам’“.
Иако датата на почетокот на осмата сезона не е одреден, бројни познавачи и љубители предвидуваат дека тоа би можело да се случи во март 2019. година. Тоа, Момоа, на индиректен начин и го потврдил:
„Кога ги видов Џон Снежниот и дружината, белите шетачи на сите страни и змејот кој тргнува на нив…помислив:Што, па зарем ќе морам да чекам уште цела година на ова“ рекол Момоа.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …