(ФОТО) Неодолив, вкусен и брз: Банана леб со ореви

Потребно е:
125 г. путер
100 г.шеќер
2 јајца
60 мл. млеко (вода)
4 банани
200 г. брашно
100 г мелен лен
100 г. мелени ореви
1/2 лажичка сода бикарбона
малку сол (помеѓу прсти)
1 лажичка цимет
1/2 лажичка мелено каранфилче
Подготовка: изматете ги јајцата со шеќерот, додајте млеко, изладен истопен путер и со вилушка испасираните банани.
Во брашното вмешајте ги содата, ленот, сол, цимет, каранфилче и се’ измешајте.
Оревите малку потпечете ги во сув тиган и крупно исечкајте ги.
Одвојте неколку ореви за наросување по површината, а останатите со брашното вмешајте ги во смесата. Се’ лесно измешајте и ставете во калап 12х30 см, кој сте го обложиле со хартија за печење.
По површината нафрлете ги одвоените ореви. Ставете во рерна загреана на 180. степени и печете околу 50. минути.
Совршен десерт со кафе или чај, па и’ чаша бело вино, после ручек.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата маченичка Татијана

Светата маченичка Татијана се почитува како христијанска светица и маченичка. Таа била родена во Рим …