Фронтменот на Coldplay, Крис Мартин, ги изненадил патниците откако клекнал и го бакнал асфалтот на аеродромот во Сиднеј пред да се качи на авион за Окленд. Многу луѓе се прашуваат зошто го прави ова.
Истото го направил минатата година кога слетал во Малезија пред концертот. Пред тоа тоа го правел во Индонезија и во неколку други земји.
Никогаш не проговорил зошто го прави ова, но се претпоставува дека оваа практика ја започнал во 2005 година.
Имено, тој претходно изјавил дека за малку ќе умрел кога песочна бура го погодила авионот со кој летал над Западна Африка. Потоа слетал во Гана.
„Беше толку страшно. Еднаш годишно песокот од Сахара се ‘крева’. Не можев да ја видам земјата, а како што се испостави, ниту пилотот. Мислев дека мојата ќерка наскоро ќе има очув”, реколтој.
Тој додал дека е изненаден што пилотот успеал да слета бидејќи тоа изгледало невозможно.
Крис тогаш сè уште беше во брак со Гвинет Палтроу, со која ги има ќерката Епл (20) и синот Мозес (18). Во 2014 година, парот објави дека се разведува поради непомирливи разлики.
Фото: Принтскрин/YouTube