(ФОТО) 45-годишен актер – Џон Красински е најсексапилниот маж на светот за 2024 година според магазинот People

Магазинот People го избра актерот Џон Красински за најсекси маж на светот за 2024 година.
Красински позираше за насловната страница на магазинот, а додека обожавателите го паметат како симпатичниот Џим Харпер од серијата „The Office“ и по улогите во франшизата во „A Quiet Place“ – тој беше претставен во малку поинакво светло.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)


Актерот во интервјуто признал дека кога првпат дознал дека ја освоил титулата имал „моментно затемнување со нула мисли“, освен дека некој можеби се шегува со него


„Не е како да се будам и да помислам: ‘Дали ова е денот кога ќе бидам прогласен за најсекси маж на светот’, но тоа беше денот кога Вие го направивте тоа“, изјавил Џон за People.

Сопругата на Красински, Емили Блант, била „многу возбудена“ поради титулата, па дури и претходно се пошегувала дека ќе ја користи насловната како нејзина позадина на телефонот доколку тој некогаш ја освои таа титула.
Тој додал: „На моите деца ќе им седопадне тоа, нема да биде воопшто чудно“, мислејќи на ќерките Хејзел (10) и Виолет (8).

Веста дека тој е најзгодниот маж во 2024 година беше објавена на „The Late Show with Stephen Colbert“, а Џон дошол во шоуто да ја сподели својата урнебесна програма „едноставни чекори како да станете секси“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Late Show (@colbertlateshow)

Потсетуваме, магазинот People ја доделува оваа титула од 1985 година, кога ја освои Мел Гибсон, а ланската титула за најсекси маж ја освои актерот Патрик Демпси. Пред него титулата ја освоија Крис Еванс, Пол Руд, Мајкл Б Џордан, Идрис Елба и други.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) „Наутро пијам 8 апчиња, лекарите сакаат да ми ја ампутираат ногата“: Поради ова и Ноле плачел со него!

Хуан Мартин дел Потро минува низ страшни моменти и Новак Ѓоковиќ добро го знае тоа. …