Денес во бифето на Младинскиот Културен Центар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи настанот „Тоа сме ние“ – книжевно читање на дел од младата книжевна генерација.
Што е таа шарена маса што се движи низ градот? Што е тоа што бои и раздвижува? Што е новото на книжевната сцена? Има ли ново? Се случува ли нешто? Што е тоа што гриза, а не боли, што расте и се развива? Што е тоа што е тука, што се чита, што лесно се споделува?
Тоа сме ние
Книжевно читање на дел од младата книжевна генерација во Младинскиот културен центар, на Денот на ослободувањето на Скопје, потсетуваме како се обидуваме да ја ослободуваме книжевната сцена, се вели во објавата од организаторите на овој настан.
Читаат авторките и авторите:
Ивана Јовановска
Моника Стојановска
Ива Петреска
Ангела Бошкоска
Сатја Александар Давитков
Викторија Ангеловска
Марија Велинова
Стефан Спасовски
Марија Ангеловска
Андреј Медиќ Лазаревски