ТУРБУЛЕНТЕН ЉУБОВЕН ЖИВОТ НА ТУРСКАТА АКТЕРКА: Првиот сопруг ја претепал и ја прегазил со автомобил, а поради вториот сопруг решила да абортира

Небахат Чехре денес има 80 години, но зад себе има турбулентен живот…
Публиката во Македонија се заљуби во неа преку серијата „Сулејман Величествениот“ каде ја глумеше султанката Ајша. Небахат Чехре денес има 80 години, но зад неа и бурен живот кој може да се искористи за пишување роман.

Бурната љубовна приказна со колега за малку ќе завршела фатално
Таа се омажила за прв пат многу млада, веќе на 23 години се заљубила во турскиот актер, режисер и писател Јилмаз Ѓуне, а според нејзиното сопствено признание, токму тој ги обликувал нејзините погледи за животот и рамо до рамо со него го совладала актерската работа.
Интересно е што во периодот од 1964 година до 1968 година, кога се развеле, парот заедно глумел во дури 13 филмови! Токму во тој период, во раните 70-ти, турската кинематографија беше преплавена со жешки, еротски кадри, па во тие години актерката се одморила од малите и големите екрани и се свртела кон пејачката кариера.


Гуне и Небахат имале страсна, бурна и комплицирана љубовна приказна која не престанала да ја интригира турската јавност.
„Имаа интензивна, жестока љубов, но полна со тепачки и насилство. Јилмаз често ја тепаше Небахат“, открил одамна блискиот пријател и менаџер на Гуне, Абдурахман Кескинер. Тој опишал и една непријатна сцена што ја доживеале сопружниците во последните денови од бракот:

 


View this post on Instagram

 

A post shared by NebahatÇehre (@nebahatcehre)


“Еден ден, двајцата повторно се скараа во ноќен клуб. Небахат луто го напушти клубот и ги игнорираше извиците на Јилмаз да запре. Додека таа трчаше кон хотелот каде што престојуваа, тој влезе во својот автомобил и почна бесно да вози. Потоа, пред моите очи ја удри саканата жена, а таа полета во воздух, падна на улица… Четири дена ја криеја оваа случка сите, но тие се разделија по него, тој ја сакаше Небахат најмногу во својот живот. Никогаш не можеше да ја заборави“.
Неколку нивни пријатели ѝ откриле на јавноста уште еден голем инцидент – кога Небахат и нејзиниот брат отишле со воз да ги посетат роднините во град во северозападниот дел на Турција, но таа тоа не го пријавила на сопругот. Кога Јилмаз открил каде се движи, ја следел во својот автомобил, го стигнал возот, а потоа му го попречил патот паркирајќи го автомобилот на шините. Кога возот запрел, актерот скокнал во него, буквално ја зел Небахат и ја донел со себе дома во Истанбул.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NebahatÇehre (@nebahatcehre)

Абортирала иако Гуне им се заканувал и’ на неа и на докторот
Актерката во еден момент забременила, но убедена дека нивниот брак ќе се распадне, решила да ја прекине бременоста. Од друга страна, Гуне жестоко сакал заедничко дете, па дури и му се заканувал на нејзиниот гинеколог дека не асмее да направи абортус. Сепак, актерката го сменила лекарот и сепак го абортирала детето.
Парот продолжил да се гледа извесно време и по разводот, додека и двајцата не пронашле нови партнери. Гуне и пишувал љубовни писма, жалел за се што направил, тврдејќи дека е исклучително силна како личност и како актерка и и се колнел на вечна љубов. Меѓутоа, тие воопшто не можеле да функционираат заедно, а Небахат во едно интервју признала дека интензивната љубов е она што им ја уништило врската.
„Премногу страст и љубов ја исцрпуваат врската. Понекогаш работите стануваат крајно страсни, а страста ја оштетува врската. Јилмаз беше многу добар и многу тежок сопруг во исто време. Ја доживеав незамисливата моќ на неговата љубов, но во одреден момент тоа те истрошува. Се чинеше невозможно да живееме, еден од нас ќе исчезне за да останеме живи и здрави, моравме да се разделиме еден од друг“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NebahatÇehre (@nebahatcehre)

И’ вториот брак завршил со развод
Кон крајот на 60-тите, таа нашла нова љубов – турскиот кошаркар Јавуз Демир. По шест години врска, парот се венчал во 1976 година, но бракот траел само две години. Интересно е и тоа што Небахат забременила непосредно пред разводот, но решила да го абортира детето бидејќи не сакала да расте без татко.
„Пораснав со очув, немав вистински татко, поради што не сакав моето дете да помине низ истата ситуација. Си ветив дека ако некогаш имам брак за кој верувам дека ќе трае, ќе имам и дете“, рекла таа во една пригода.
И’ вториот брак заврши со развод бидејќи актерката не можела да го следи темпото на партнерот.
„Не можев да се прилагодам на неговиот живот. Конзервативна сум, бев ограничена на мојот простор. Животот што го живеев со Јавуз беше исклучително активен. Сите тие патувања, посетители, гужви околу него – ме гушеше. Сфатив дека не би можела да продолжам така и да бидам во чекор со неговото екстремно брзо темпо на живот“, признала таа еднаш.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) „Наутро пијам 8 апчиња, лекарите сакаат да ми ја ампутираат ногата“: Поради ова и Ноле плачел со него!

Хуан Мартин дел Потро минува низ страшни моменти и Новак Ѓоковиќ добро го знае тоа. …