Италијанската актерка и модел Моника Белучи, која често ја нарекуваат најубава жена на светот, позирала за насловната страница на кинеското издание на магазинот Elle.
Нејзините фотографии за ова издание веќе станаа вистински хит на социјалните мрежи, каде обожавателите со воодушевување го коментирале нејзиниот беспрекорен изглед и елеганција.
Моника позирала во провокативен тесен фустан и „халтери“, а фотографиите предизвикаа лавина коментари кај нејзините обожаватели.
View this post on Instagram
„Кралица, икона, убавица“, „Секогаш ќе ми бидеш омилена Бонд девојка“, „Сакам да остарам како неа“, се само дел од коментарите.
За италијанскиот магазин iO Donna, актерката го коментирала својот изглед, со оглед на тоа што неодамна го прослави својот 60-ти роденден.
View this post on Instagram
„Не се борам со времето. Мора да се помирите со тоа, да се договорите и да се надевате дека ќе ви ја помилува душата. Тоа е важен процес, бидејќи времето е посилно од нас“, изјавила Моника.
Таа истакнала и дека би сакала да биде пример за помладите генерации, како што биле нејзините постари пријатели за неа.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Моника е во врска со американскиот режисер Тим Бартон. Двојката официјално ја потврди својата љубов во октомври минатата година, кога заедно се појавија на филмскиот фестивал во Рим.
Фото: Принтскрин/Instagram