Сеќавање: 35 години без нашиот легендарен спортски коментатор Никола Солдатов

Никола Солдатов е роден во Скопје на 25 декември 1924 година. Тој беше доајен на македонското спортско новинарство и еден од основачите на Спортската редакција на Телевизија Скопје.

Завршил гимназија во Скопје и учествувал во НОБ (од 1944). Во Радио–Скопје бил редактор и уредник на Младинската, Спортската и на други редакции, а бил и спикер, коментатор и радио–репортер (од 1946).


Вршел преноси од голем број спортски натпревари и други манифестации. Преминал во Спортската редакција на ТВ Скопје (1966– 1986). Извршил околу 1000 ТВ преноси од спортски и од други настани. Пишувал текстови за Куклениот театар, за „Остен“ и за радио–емисии.

Починал на 3 ноември 1989 година во Сремска Каменица, Србија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Јод“ – новиот роман од Снежана Младеновска Анѓелков наскоро во издание на Или-Или

Издавачка куќа Или-Или со радост го најавува излегувањето од печат на новиот роман од Снежана …