Дејвид Карузо беше главниот актер на драмската серија „CSI: Miami“, а нешто повеќе од една деценија по завршувањето на снимањето на серијата, тој се повлече од Холивуд, и на многумина им изгледа непрепознатлив во споредба со изданието по кое тој се памети.
Тој го толкуваше ликот на Хорацио Кејн во серијата од 2002 до 2012 година. После тоа целосно се откажа од глумата и се повлече од јавноста, а неодамна бил забележан на улиците на Лос Анџелес.
Во однос на култниот лик што го толкувал и неговиот препознатлив стил, делувал сосема поинаку.
Hollywood icon, 68, unrecognisable 12 years after retiring from acting https://t.co/h0kAnYuamA
— The Sun Showbiz (@TheSunShowbiz) November 13, 2024
Додека Кејн беше препознатлив по костумите и очилата за сонце, актерот бил во многу полежерно издание.
Имал капа на главата, тексас јакна, кафена маица и сиви панталони. Последен пат бил виден во јавноста во декември 2023 година.
David Caruso en CSI Miami y David Caruso en la actualidad pic.twitter.com/bRXiGxw2PU
— La Parada de los Sueños (@laparadadelcine) December 17, 2023
Дејвид Карузо одигра различни детективски улоги во текот на неговата кариера, но ниту една не одекна толку како Хорацио Кејн.
Инаку, освен во серијата која го прослави, Дејвид глумеше и во остварувањата: „NYPD Blue“, „Jade“, „First Blood“, „King of New York“, „Kiss of Death“, како и „Session 9“.
Фото: Принтскрин/X