(ВИДЕО+ФОТО) Ѕвездата на „Подмолна туна“ починал на 28. години

Најистакнатиот член на серијалот “Подмолна туна”, Николас Дафи (28), бил пронајден мртов а причината за смртта сé уште не е позната.

Оваа вест беше објавена на официјалниот профил на серијалот на Твитер, а продуцентите изразија сочувство до неговото семејство велејќи дека ова е навистина голема загуба за сите.


Ник стана познат во авантуристичкото шоу “Подмолна туна”, во кое професионалните рибари ловат сина туна од Атлантикот. Ник од мали нозе ловел со својот татко, собожувал да биде во природата, покрај вода и да плови.


Во неговата биографија пишува дека се бавел со спорт но најмногу бил посветен на професионалниот риболов. Се тврди дека туна почнал да лови како момче со својот дедо и татко, а кога станал еден од најпознатите спортски риболовци во земјата, го заслужил своето место во емисијата на каналот „Национална географија“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Претставата „Земја на штркови“ вечерва во МКЦ

Вечерва во Младинскиот Културен Центар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена …