(ВИДЕО+ФОТО) Уште се кријат: Џејми Фокс прекинал интервју на прашањето за поранешната на Том Круз

Кејти Холмс и Џејми Фокс, пет години мораа да се кријат од очите на јавноста, поради „најбизарната бракоразводна спогодба направена во Холивуд“, како што го нарекуваат договорот кој актерката го потпишала со Том Круз!

Се работи за тоа што Кејти во септември 2012. година, како услов за добивање на брз развод од Том Круз, се согласила на клаузула во договорот, каде се обврзува дека пет години после разводот, нема да направи нешто со кое јавно би можела да го понижи Том Круз. Тоа подразбирало и дека актерката не смеела во јавност да се појави со кој било маж, да говори за Саентологија, ниту смеела да изјави дека е вљубена во друг.
Исто така, избраникот на Холмс никако не смеел да биде во близина на ќерката на Том и Кејт, Сури.
Но, Кејти и Џејми успеаа на неверојатен начин да направат нешто со кое што Кејт воопшто не би го прекршила договорот. Прв пат се сликани заедно во септември 2017 година, кога договорот истекол, како среќни и насмеани шетаат по плажата на Малибу.
После тоа се појавија заедно во јавност, па затоа сите ги шокираше и потегот на славниот актер, кога го прекинал интервјуто поради прилично баналното прашање кое се однесува за Кејти!
Џејми на 17 февруари, заигра на НБА Ол Стар Селебрити, мечот во Лос Ангелес, а на прашањето на новинарите на ЕСПН, дали со Кејти на Денот на вљубените тренирал кошарка, Оскаровецот се налутил и го прекинал интервјуто:


Видете ја неговата реакција:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Пике споделил ретка фотографија со девојката, а еве што прави Шакира…

Додека Шакира ужива да биде сама, Пике уште од разводот има девојка Жерар Пике ретко …