(ВИДЕО+ФОТО) „Tomb Raider“: Ниту една гробница не е сигурна се’ додека Лара Крофт е во близина

Лара Крофт со нас е 21. година. Во тоа време настрадале неброени прастари гробници исполнети со неверојатни богатства. Дали Лара Крофт некогаш ќе запре…
Малку кој обожавател на компјутерски игри или акциски филмови денес не знае
која е Лара Крофт. Оваа авантуристка во компјутерскиот свет првпат се појавила уште дамнешната 1996. година во играта „Tomb Raider“. Со пет години подоцна ни пристигнал и првиот филм за таа истражувачка со Ангелина Џоли во главната улога.
Тој филм, успешен до некаде, добил продолжување, кое минало значително полошо во кината и се чинело дека со оваа авантуристка е готово. Но, во исто време игрите, каде и да излегле, биле многу успешни, без оглед дали е Плејстејшн, Икс-Бокс или Компјутер.
Конечно дошло време Лара уште еднаш да се појави на големиот екран, но прилагодена за денешниот свет.
Во најновото издание на приказната за археологинката ќе ја следиме до некаде истата, но на многу начини и различна Лара. Крофт е понатаму е наследничка на големото деловно царство, но наместо да се бави со светот на финансиите, повеќе сака да биде доставувачка во Лондон и обична студентка. Нејзините акробатски вештини и пукање сеуште не дошле до израз, кога ќе се вплетка во мистеријата околу смртта на својот татко.
Таинствениот остров кај јапонскиот брег, каде во близина е една гробница каде нејзиниот татко е виден последен пат, ќе покрене низа настани кои од Лара од личност без цел ќе претворат во високомотивирана ограбувачка на гробови.

Погледнете го видеото:


Филмот го режира Роар Утхаг, а покрај Викандер во главните улоги ќе ги гледаме и Доминик Вест, Волтон Гоџинс и Даниел Ву.
„Tomb Raider“ во кината треба да се појави на 16. март 2018. година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …