(ВИДЕО+ФОТО) Саманта Фокс некогаш била секс симбол а еве како изгледа денес

Саманта Фокс со популарност се здоби благодарение на британскиот весник The Sun кои ги објавувале нејзините слики, во почетокот на осумдесеттите години на минатиот век. Во мај 1986. година и’ излегол дебитантскиот албум „Touch Me“, а мажите ширум светот воздивнувале по неа. Меѓутоа, Семи, повеќе не е девојка и потполно се променила…
Нејзините бујни гради станале сон на секој маж, а бројот на обожаватели се зголемувал од ден на ден. Се појавила и во неколку филмови и ТВ серии, а едно време работела и како водителка. Публиката ја сакала, иако критичарите секој сингл го дочекуавале на нож, не штедејќи ги критиките на нејзините вокални способности.Нејзиниот дебитантски албум бил вброен на листата на 100. најлоши плочи на сите времиња.
Била во врски и со мажи и со жени, а во 2003. објавила дека е вљубена во својата менџерка Мајра Стратон. Оттогаш биле во врска, но Мајра починала во 2015. година после долга битка со карцином.
Сеуште се објавуваат компилации и реизданија на нејзините хитови, а еве како денес изгледа некогашниот секс симбол:

Саманта Фокс во април оваа година наполнила 51. година а за живот и понатаму заработува на сцената. Пее и обработки на жешки хитови од своите колеги и го негува рокерскиот имиџ, сеуште играјќи на картата на сексапил. Но, сега тоа е далеку од некогашниот занесен изглед.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …