(ВИДЕО+ФОТО) Прва проба на „Ај Кју“ со „Lost And Found“ во Лисабон:Детал кој ќе ве воодушеви!

Придружните вокали носат мини здолништа како македонското знаме…
Делегациите на сите 43 земји што ќе се натпреваруваат на годинашната „Евровизија 2018“ се веќе собрани во Лисабон, каде што од вчера започнаа и првите проби на сцената во арената „Алтис“.
После вчерашните десет први полуфиналисти од првата полуфинална вечер, утрово први на сцената се „изгубија и пронајдоа“ токму нашите „Ај кју“, кои конечно ги гледаме во полн состав со тапанарот Иво Митковски и придружните вокали Антонија Гиговска, Дина Јашари и Валери Димовска.
Од кусото видео објавено на официјалниот евровизиски канал на Јутјуб можеме да видиме дека „Lost And Found“ ќе биде изведена со богата кореографија, за која се погрижи Јана Андрејевиќ – Лазарева, сето тоа дополнето со живи бои што прилегаат на самата атмосфера на песната. Како главна улога, Марија ќе шета низ сцената и со допир ќе ги „оживува“ останатите членови од бендот, притоа танцувајќи со придружните вокали кои имаат куси здолништа како македонското знаме… Браво за идејата!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …