(ВИДЕО+ФОТО) После 36. години глумецот Роберт Вагнер е главен осомничен за смртта на Натали Вуд

Вагнер рекол дека тоа е несреќен случај. Тој тврдел дека Вуд се одвезла со гумен чамец откако се скарале и дека тогаш ја видел за последен пат…

Натали Вуд настрадала во 1981. година на само 43. години, а нејзината смрт била прогласена за несреќен случај – се’ до сега!
87.годишниот актер Роберт Вагнер, цели 36. години по смртта на неговата сопруга, актерката Натали Вуд, од полицијата бил прогласен за главен осомничен за тој случај.
Најновото откритие било јавно изнесено во документарната серија “48 Hours”, за животот на славната актерка и мистеријата околу нејзината смрт.
“Вагнер последен ја видел Натали пред да исчезне, а по шест години истражување на овој случај заклучок е дека Вагнер е главен осомничен”, навел во споменатата серија полицаецот Џон Карина.
Актерот, кој денес е во брак со 77. годишната актерка Џил Сеинт Џон, не одговорал на повиците и пораките на британски “Daily Mail”.
Инаку, Натали Вуд доживеала несреќа во 1981. година, на само 43. години, кога наводно се удавила откако со Вагнер и Кристофер Вокен тргнала со брод до островот Санта Каталина. Чудно е тоа што цел живот имала фобија од длабоки води, откако на нејзината мајка една гатачка и кажала дека ќе се удави.
Нејзиното тело било пронајдено следното утро во морето, а на несреќата и претходела голема расправија меѓу Вагнер и Вокен. Вагнер, како што признал самиот, бил љубоморен на односот на Вокен и неговата сопруга, а тврдел дека станувало збор за несреќен случај.
“Кога слушнав дека е мртва, паднав на колена. Се чувствував како зомби, а остатокот од денот го тешев семејството”, рекол Вагнер.
Со оглед на тоа дека наводите не се поклопувале, детективите биле сомничави, а случајот повторно да се отвори побарала сестрата на Натали, Лана.
Роберт Вагнер по смртта на сопругата ја преземал грижата за нивната ќерка Наташа, а тврдел дека Натали исчезнала во гумен чамец.
Кристофер Вокен за овој несреќен случај и за тоа што се случувало таа кобна ноќ не сакал да зборува.


Детективот Ралф Хернандез рекол дека Вуд, кога ја извлекле од водата изгледала како жртва на насилство, а во документарецот се појавува и капетанот на бродот. Тој со Лана,сестрата на глумицата, во 2011. година, барал случјот повторно да се отвори.
„Никогаш не ја дознав целата вистина, како ниту полицијата. Само сакам вистината да излезе на виделина“ рекла Лана кој смета дека нејзината сестра никогаш сама не би излегла од бродот и тоа по ноќница.
Капетанот Даверн пак тврдел дека првичната истрага на актерката била спроведена нестручно и дека вистинската причина за нејзината смрт се прикрива.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …