УХМР со вонредна прогноза за викендот


Дожд и ветер во пониските предели и снег на планините, најавува УХМР за претстојниот викенд во Македонија.
Утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат поинтензивни во вечерните и ноќните часови. Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови, каде на места ќе наврнат над 35 л/м2.
Врнежи од снег најпрво ќе има само на повисоките планини, а до недела наутро снежната граница ќе се спушти до околу 1.500 метри надморска височина.
Во текот на утрешниот ден ќе дува и засилен, на моменти силен јужен ветер со брзина над 90 километри на час.
Во недела претпладне се уште ќе има локални врнежи, а до крајот на денот облачноста ќе се намали и ќе настапи преодно стабилизирање на времето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Еден од најочекуваните филмови оваа година, „Jay Kelly“ со Адам Сендлер и Џорџ Клуни, пристигнува на 5 декември

Еден од најочекуваните филмови оваа година, „Jay Kelly“, го обединува она што ретко го гледаме …