Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, заработув седум милиони евра месечно, но кога ќе влезете на неговиот профил на Инстаграм нема да видите раскош и луксуз.
Иако медиумите неодамна објавиле вест дека фудбалерот купил автомобил вреден 240.000 долари, на социјалните мрежи не можете да видите дека Меси е втор најплатен фудбалер во светот.
За разлика од неговиот ривал, Кристиано Роналдо кој сака да се слика покрај луксузните автомобили и раскошот од својот дом го „пласира“ на Инстаграм, Меси главно објавува семејни фотографии и по некоја од фудбал.
Судејќи според фотографиите и видео снимките од Инстаграм, во куќата на фудбалерот се’ е посветено на децата и играта.
Можеби Меси вешто го крие луксузот во својот дом, но на Инстаграм тој живее како просечен човек кој ужива во топлината на својот семеен дом.