(ВИДЕО+ФОТО) Елена Велевска покажува како Македонија се брани и сака и’ со песна!

Должност ни е да ги негуваме музичките дела кои ни се оставени,песните мораат вечно да живеат…
Таа е представник на новата ера во домашната фолк музика,храбро но сигурно ги создаде новите темели во истата.Но не заборави на она народното,нашето традиционално кое сите ние го сакаме, слушаме, почитуваме.
Зад Елена Велевска се два албуми со убави македонски народни песни, „Ѓердан за душата 1” и „Ѓердан за душата 2” а,со песната која вчера вечер ја промовираше на нејзиниот Јутјуб канал “Македонијо мајко страдалнице” го најавува и продолжувањето на нижењето македонски музички бисери.


„Колку и јас да сакам да изведувам модерна музика,никогаш не сум сакала во мојот репертоар да изостанат и оние песни кои се наш белег,песните со кои ние се идентификуваме.Така и настана идејата за тие две цедиња,и прифатеноста кај публиката ме мотивираше да размислам и да почнам да работам на третото издание на кое на големо се работи. “Македонијо мајко страдалнице” е една од песните кои ќе се најдат на тоа цеде и таа песна,а и големината како уметник на Петранка Костадинова заслужија еден убав видео спот,кој го сработи исклучиво талентираниот Даниел Јовевски,на кој сум му неизмерно благодарна,оваа песна ќе живее уште долго.Со третото издание на „Ѓердан за душата”ќе се потрудам големите македонски изведувачи да продолжат да живеат преку песна“, ни рече Елена.


За почит е кога некој ќе направи убав производ и нема да си ги заборави корените,убаво е тоа што многу нови генерации ќе слушнат за Петранка Костадинова и за таа цела плејада на основоположници на македонската народна песна.
Наше е да го подржиме сето тоа,слушаме,споделуваме и почитуваме.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …