(ВИДЕО+ФОТО) Компликации:25. годишната пејачка и понатаму е во болница и не е добро!

Иако се очекувало пејачката веќе да биде дома, поради неочекувани компликации Деми е задржана во болница и уште се опоравува. Наводно има висока температура…
Пејачката Деми Ловато, 25 години,повеќе од една недела е во болница во Лос Ангелес, во која заврши поради предозирање со непознат опиат, пишува Mirror. Иако се очекуваше дека пејачката веќе ќе биде дома, поради неочекувани компликации, Деми е задржана и се’ уште се опоравува. Според извештаите на странските медиуми, Деми има висока температура и повраќање, а наскоро се очекува и опоравување.
„Не се чувствуваше добро за време на викендот. Таа падна во треска и покажа знаци на инфекција.Во моментов се третираат проблемите кои произлегуваат од предозирањето со дрога и ќе остане во болница уште неколку дена“, изјавил извор за TMZ.


Деми веќе години се бори со зависноста од кокаин и алкохол а поминала некое време и на рехабилитација. По шест години откако била „чиста”, Ловато повторно потклекнала. Деми минатата недела била на нејзината домашна забава, а следното утро, Итната служба од нејзиниот стан добила порака за помош.
На аудио записот може да се слушне машки и женски глас, кои го молат диспечерот за итна помош и да не ги вклучува сирените. Тој им одговорил дека тоа едноставно не е можно и дека е важно да се запали сирена за да се дојде до дестинацијата што е можно поскоро.


Кога медицинскиот персонал стигна до Деми, пејачката била во несвест. Почнало да се шпекулира дека се предозирала со хероин, но никој досега не ги потврдил овие наводи. Пејачката никако не сака да каже што точно земала.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …