(ФОТО) Шерон Стоун му се смее во лице на бесмисленото правило за носење на „skinny” фармерки

Кога станува збор за модата, наметнување на забрана и носење на одредени парчиња облека навистина изгледаат бесмислени.
Шерон Стоун облекла „скини“ фармерки за вечерно излегување. Да се почитува „дрес кодот“ за облекување во одредени пригоди е сосема нормално, но дебатите за тоа кога сме премногу стари за одредена облека која веќе одамна сме морале да ја „прераснеме” во суштина, се работи со кои бонтонот не се занимава.


Токму поради тоа спроведената онлајн анкета пред две години ги налутила корисниците на социјалните мрежи. Имено, резултатите од истражувањето
покажале дека испитаниците сметаат дека жените после 47. година не би требало да носат „скини“ фармерки.


Но резултатите на друга анкета спроведена на 3.700 жени не се согласиле со ова гледиште, а 336 жени сметале дека испитаниците на британското истражување не се во право.
После тоа, често се дискутирало за соодветноста на фармерките во одредени години, и некои модни познавачи, исто така, изразиле мислење дека жените над 50. години не треба да ги носат.


Со нив очигледно не се согласува 60.годишната Шерон Стоун. Филмската дива во лице му се насмеала на ова правило и токму таков модел облекла за едно вечерно излегување.

Панталоните ги искобинирала со бел пуловер, црна ташна и сандали,и изгледала – сензационално.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …